Ова денес во Охрид го соопшти претседателот на партијата, Јован Манасиевски, на конференцијата што ЛДП ја организира со претставници на холандската Либерал-демократската партија која победи на одржаните парламентарни избори.
– Клучен сегмент во тој економски дел ќе биде нашата програма за создавање подобри услови за работа на микро, малите и средните претпријатија. Доколку сакаме да зборуваме за раст и развој, мора да развиваме конкретни продукти насочени кон подобрување на работењето на микро, малите и средни претпријатија, рече Манасиевски.
Манасиевски забележа доколку власта , независно која партија ја има формирано Владата, не се интересира за здравјето на малите и средните претпријатија, државата мошне брзо ќе се соочи со проблеми и при тоа не ќе може да се финансира ниту здравството, образованието, пензискиот систем.