НАСА е во потрага на индивидуи кои се подготвени во наредните 70 дена да не работат апсолутно ништо, освен да лежат во кревет речиси 24 часа на ден.
Во нивниот штаб во Хјустон ќе биде спроведен експеримент со кој ќе бидат симулирани условите во вселената кога астронаутите се наоѓаат во постојана состојба на мирување.
“Научниците го користат лежењето во кревет како нешто кое е најслично со состојбата во која се наоѓаат астронаутите во бестежински простор” изјавил еден од учесниците.
Цел на овој експеримент е да се проучи како долготрајното мирување влијае на коските и срцевиот мускул, а по овој период учесниците ќе добијат плата од 3000 евра и рехабилитација во времетраење од една недела.