Австријката Урсула Корел најверојатно никогаш повеќе нема да се осмели да купи фалсификувана роба по високата казна која неодамна морала да ја плати во Италија. Оваа жена, стара 65 години, во текот на туристичкото патување во Италија, од уличен препродавач, купила лажна чанта од познатата марка Луј Витон за само седум евра.
додека се ценкала со продавачот во близина на Венеција, не ни помислила дека ја посматраат полицајци. Оваа акција била дел од операцијата која локалната полиција ќе ја спроведува ова лето, со цел да се спречи препродавањето на разни фалсификувани брендови, чиј годишен обрт изнесува седум милијарди евра.