За кражбите кои се вршат во црквите граѓаните сметаат дека е виновна полицијата.

На прашањето на OhridNews- Кој е одговорен за честите кражби во црквите, половината од анкетираните- 389, односно 50%  одговориле дека е полицијата.

241, односно 31% мислат дека одговорност за кражбите има црквата, додека останатите анкетирани- 141, односно 18% одговориле дека одговорен е Завод и музеј.

Во текот на минатата година во струшкиот регион беа извршени 17 кражби на  икони. Дел од крадците беа откриени, но дел од нив и понатаму остануваат непознати за надлежните органи.

За зголемување на безбедноста на верските објекти неодамна беше одржан и состанок на кој учествуваа претставници од струшкиот и охридскиот Завод и музеј, од Управата за заштита на културното наследство, Дебарско- кичевската епархија и полицијата. Заклучоците кои беа донесени се однесуваа на подобрување на механичката заштита на црквите во руралните средини преку поставување на метални врати. При тоа беше одлучено и оргиналните вредни икони од црквите да се повлечат и заменат со нивни копии.

OhridNews