Еден американец од Масачусетс е осуден на 18 месеци затвор за кражба на хот дог од некој човек во паркот.
Антонио Џад признал пред судот во Ворчестер дека украл хот дог од човек кој седел под дрво во паркот и се подготвувал да јаде. Полицијата наведува дека Џад во август со пиштол во рацете му го грабнал хот догот во паркот Елм во Ворчестер. Веднаш почнал да го јаде, а врз маицата му искапил сенф. Кога нешто подоцна е уапсен, утврдено е дека кај себе има воздушен пиштол и џебен нож. Отежнувачка околност е фактот што Џад претходно е осудуван за физички напад и вандализам.