Претстојниот викенд се спушта завесата во Супер лигата. ГРК Охрид во последното плеј-оф коло,  му гостува на Бутел во Скопје.

„Гладијаторите“ играат за чест и задржување на петтото место на табелата.

Шансите за Европа, за жал, се изгубени, но нема да се предадеме и на овој натпревар одиме на победа, да ја задржиме петтата позиција и да ја завршиме сезоната со победа. – вели миленикот на охридската публика Иван Тасески.

Натпреварот Бутел – Охрид се игра во петок, во салата „Антон Димитров“ во скопската населба Бутел, со почеток во 18 часот.

Г.М.