Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков кој настапува во првенството на Украина, соопшти дека во моментов се наоѓа на безбедно и дека се чека можност за напуштање на земјата.

Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците кои сме тука да се организира превоз со минибус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментално работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да пренесам, ја пренесува ФФМ изјавата на Зајков.

Зајков е член на Ворсклва Полтава. Украина утрово беше нападната од Русија и во државата е прогласена воена состојба.

OhridNews