За кого гласал македонскиот фудбалски капитен Горан Пандев во изборот на ФИФА за најдобар тренер Пандев првично изјави дека својот глас го дал за португалецот Жозе Мурињо, но според документот кој го објави веб порталот мкд.мк, а го добиле од ФИФА, Пандев гласал за Дел Боске, а не за португалецот кој го нема на листата.

Сагата околу гласот на Пандев, ја започна контраверзниот Мурињо кој рече дека изборот на Фифа е фалсификат бидејќи му биле одземени гласови. На приказната на Мурињо се надоврза фудбалерот на Наполи кој долеа масло на огнот. Неговото тврдење дека гласал за Моу го пренесоа сите светски медиуми.

Селекторот и капитенот се сложија Меси е најдобар