–Ако продолжи мораториумот Охрид станува мртов град. Гарантираме бидеќи најголемите извори за приход на општина Охрид се сепак комуналиите. Ова го тврдат домашни и странски инвеститори кои бараат укинување на мораториумот за градба во Охридскиот регион, кој беше воведен по препорака на УНЕСКО, се додека не се донесе Планот за управување со Охридскиот регион. Тие сметаат дека на тој начин се кочи развојот на туризмот во Охрид бидејќи се одвраќаат странските инвеститори кои наводно сакаат да вложат големи пари во изградба на модерни комплекси. Ова тие им го предочија на претставниците на Националната комисија на УНЕСКО и на Министерството за животна средина и просторно планирање, на средбата што се одржа вчера.
Конкретно има пример каде што голем странски инвеститор бара услови за градење на хотел со 400 соби. Во таа смисла за да не ги загубиме овие инвеститори кои ќе донесат благодет за Охрид, сметам дека треба да се изврши корекција и не може да се поистовети изградбата на станови која треба да се регулира на друг начин со хотелите. – вели адвокатот Игор Кичеец, инаку правен застапник на странска компанија заинтересирана за изградба на луксузен хотел во Охрид.
Националната комисија на УНЕСКО и на Министерството за животна средина и просторно планирање, со став дека приоритет за државата во е заштитата на културното и природното богатство, кое поради негрижа и несоодветно управување и преголема и несоодветна изграденост, сериозно е загрозено, што беше нотирано во повеќе извештаи на светската организација.
Не сум сигурен дека странските инвеститори веќе напуштаат, можеби странските инвеститори го чекаат погодониот момент кога ќе имаме чиста позиција за да инвестираат. На крајот на краиштата не е само изградбата на луксузни хотели од оние елементи кои што го развиваат туризмот во овој регион. – вели Зоран Павлов – Претседател на Националната комисија на УНЕСКО.
Павлов истакна дека Планот за управување со Охридскиот регион чија основна цел е заштита на светското културно и природно наследство, можеби нема да биде идеален, но секако тој ќе биде добра насока за справување со предизвиците.
Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017 година при мониторингот извршен во Охридскиот регион нотираше бројни проблеми со природното и културното наследство, поради што Охрид се најде на чекор да биде ставен на листата на заштитени подрачја во опасност. За да го избегне тоа државата и градот треба етапно да исполнат 19 барања на УНЕСКО кои беа реафирмирани на последниот состанок на Комитетот за светско наследство, што изминатото лето се одржа во Азербејџан. Таму Македоија побара и доби дополнителен период до февруари идната година да ги исполни барањата, меѓу кои се справувањето со големиот број дивоградби и претераната урбанизација.
OhridNews