Во среда со почеток во 13 часот ќе се одржи продолжението на 25-та седница.

Советниците од вкупно предвидени 30 точки од дневниот ред, на седницата одржана на 22 октомври, расправаа и ја усвоија само одлуката за годишната програма за згрижување и воспитно-образовна работа на јавната општинска установа за деца – детската градинка „Јасна Ристеска“ Охрид за учебната 2010/2011 година.

OhridNews