Потрошувачката кошница на едно четиричлено домаќинство во Македонија во август месец изнесува 11.825 денари и во однос на претходниот месец е пониска за 0,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Цените на мало во август останале на исто ниво како во јули, а трошоците на живот биле пониски за 0,3 отсто.

Цените на мало во август годинава, во споредба со истиот месец лани, биле пониски за 2,1 отсто, а трошоците на животот за 1,4 проценти.

Ohridnews