Тој ја повика опозициската партија да се откаже од како што рече, незаконските и нелегитимните барања.
„СДСМ да се откаже од барањата кои не се во надлежност на Владата и да биде задоволен што Владата ги прифати сите преостанати барања и да оди на избори оваа година што побрзо, ден порано да се врати во парламентот и во најбрз можен рок да се распушти парламентот и да се оди на предвремени парламентарни избори“ рече Груевски.
Според него, СДСМ на почетокот барал да се оди на предвремени избори, што подоцна се претворило во барање за исполнување на одредени услови, па и уцени.
Пред неколку дена, Црвенковски се откажа од барањето да се одблокира сметката на медиумите од „Перо Наков“ па да се оди на избори, но побара од Груевски гаранција дека УЈП нема да ги блокира сметките на А1 и трите дневни весници со нови барања и одлуки до завршувањето на предвремените избори. Тој тогаш предложи да се оди на избори на 26 јуни.
извор: Makfaks