Премиерот Никола Груевски, го повтори ставот дека не може да дојде до решение кое ќе оди во штета на интересите на македонскиот народ.

“Не прифаќаме никакво решение без тоа да биде одобрено на референдум од мнозинството од народот. Ниту едно решение кое ќе го загрози идентитетот на македонскиот народ, неговиот јазик – македонскиот јазик и македонската нација, не може да биде решение. Каква и да се бара алтернатива, што и да се разговара, не може да биде прифатена ако пред тоа не помине на проверка на организиран референдум за граѓаните на Република Македонија“, истакна Груевски.
 
При тоа тој повика и на сенародно сплотување околу идејата земјата да стане регионален лидер на секое поле.  

OhridNews