Утрово, Општина Охрид излезе со официјално соопштение во кое се наведува дека: „на синокешното отворање на најпрестижната културна манифестација на Античкиот театар за првиот човек на градот домаќин, градоначалникот на Охрид – протоколот не најде место, но затоа на 2-3 реда зад и пред седиштата со претседателите, имаше место дури и за министерски секретарки“.
– Во средини каде се почитува елементарната култура, првиот човек не само што е меѓу „главните“ гости туку е и посебно поздравуван бидејки, сепак, таа манифестација се врзува со името на градот а тој град има свој прв човек. Едноставна, срам за манифестацијата и власта која и’ дава пари , но за своја партиска „музика“, а не за градоначалникот, се наведува во соопштението на локалната самоуправа.
Од Дирекцијата ги демантиртаат ваквите обвинувања и тврдат дека дека по протокол градоначалникот било предвидено да седи на централната трибина и дека тој уредно бил поканет.
Градоначалникот на Охрид го немаше на главната трибина