Американецот Карл Гери умрел пред еден месец од инфаркт за време на кампањата за градоначалник на Трејси Сити. И покрај смртта, на изборите освоил три пати повеќе гласови од ривалката и моменталната градоначалничка Барбара Брок.
Неговата вдовица изјавила дека тоа ни малку не ја изненадило. Луѓето и се јавувале да и изразат сочуство, и зборувале дека сепак ќе гласаат за него. Карл бил отворен човек и луѓето многу го сакале. Еден од граѓаните изјавил дека знае дека сето ова е глупаво, но и додал дека доколку повторно да има гласање би гласал за Карл.