Во период од 14 до 20 ноември, Центарот за јавно здравје Охрид извршил 302 тестирања на лица од општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, за присуство на Ковид-19. Дополнително, во овој период извршени се и тестирања во приватните клиники.

Од вкупно тестираните, лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 429 лица и тоа кај 231 лица од општина Охрид, кај 183 лица од општина Струга и кај 15 лица од општина Дебар, информира Центарот за јавно здравје Охрид.

Во овој период оздравени се 132 лица од Охрид, 56 лице од Струга и 19 лица од Дебар, а починати се 9 лица од Охрид, 5 лица од општина Струга и 1 лице од општина Дебар.

Активни случаи заклучно со  20 ноември во Охрид се 575, во Струга 364, а во Дебар 86.

Од почетокот на епидемијата, лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 2969 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 1330 лица во општина Охрид и Дебрца, 1218 лица во општина Струга и Вевчани и 421 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 773, од Струга се 783, а од Дебар и Центар Жупа се 316 пациенти. Од општина Охрид и Дебарца има 49 починати пациенти, од општина Струга се починати 85, а од Дебар и Центар Жупа се починати 19 лица, соопшти Центарот за јавно здравје Охрид.

OhridNews