Во период од 24 до 30 октомври, Центарот за јавно здравје Охрид извршил 231 тестирање за присуство на COVID-19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
Од вкупно тестираните, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 195 лица и тоа кај 120 лица од општина Охрид, кај 54 лица од општина Струга и кај 21 лица од општина Дебар, информира Центарот за јавно здравје Охрид.
Во овој период оздравени се 27 лица од Охрид, 31 лице од Струга и 13 лица од Дебар. Починати се 2 лица од Охрид, 5 лица од општина Струга и 3 лица од Дебар. Активни случаи во Охрид се 232, во Струга 101, а во Дебар 58.
Од почетокот на епидемијата до 30 октомври, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1860 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од нив 702 лица биле позитивни во општина Охрид и Дебрца, 822 во општина Струга и Вевчани и 336 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 438, од Струга се 648, а од Дебар и Центар Жупа се 260 пациенти. Од општина Охрид и Дебарца има 23 починати пациенти, од општина Струга се починати 75, а од Дебар и Центар Жупа се починати 18 лица, соопшти Центарот за јавно здравје Охрид.
OhridNews