Најдоцна за една година во македонското здравство се очекува да се направи првата трансплантација на црн дроб од жив донатор на возрасен пациент, со француска стручна помош,  пишува „Утрински Весник“.

Ова го најави врвниот трансплантолог од Франција, д-р Оливер Боало, кој деновиве е во посета на земјава по покана на македонските здравствени власти.

Според него, за да заживее овој вид пресадување во Македонија, недостасуваат неколку корекции во оперативниот дел, за што ќе настапи пред домашните здравствени власти со едногодишен план на конкретни активности.

OhridNews
извор: „Утрински весник“