27-годишниот Даниел Седикви од Калифорнија, рекол дека за една година ќе најде 50 работни места во 50 држави на САД. Тогаш никој не му верувал. Пред да започне со своето неверојатно патување Даниел стапил во контакт со над 1.000 претпријатија со идејата барем во некоја од државите да има сигурна работа. На крајот успеал во неговиот план, но признал дека не уживал во сите професии.
Така на пример, во Аризона работел како граничар и вели дека луѓето фрлале камења по него, а во Лос Анџелес работел во капела за „брзи венчавки “. Меѓу другите професии кои ги користел биле експерт за исхрана, работел во фабрика за медицинска опрема, во фабрика за пакување на месо, во фарма, а исто така и како тренер на фудбалски тим. Најтешката негова работа била правењето на сирење. Откако се вратил во родниот град, Даниел најавил дека ќе напише книга за својата авантура, а се надева тоа би можело да стане и сценарио за филм.
Извор: www.telegraph.co.uk