Џастин и Лорен Шелтон станаа вистинска медиумска сензација откако со заеднички напор во рок од една година изгубија над 237 килограми.

На почетокот од минатата година, Џастин тежел 268 килограми, а неговата сопруга 154 килограми.


“Започнав да се дебелеам по спортската повреда во средно школо. Неможев да останам активен, а внесував огромна количина храна па за брзо време достигнав огромна тежина” изјавил Џастин.

“Отсекогаш пронаоѓав утеха во храната, но исто така јадев и кога бев среќна. Почнав да се дебелeам по завршувањето на средното училиште, а како што изминуваше времето се помирив со фактот дека сум дебела и достигнав тежина од 154 килограми”, објаснила Лорен.

Одлуката да се вратат во форма ја донеле откако на Џастин му било соопштено дека е предебел за да му извршат лекарски преглед, па во 2012 ги промениле своите навики за исхраната.


Првото нешто што го направиле било исфрлувањето на солта, белиот леб, маслото и шеќерите од својата диета, а во исто време започнале со лесно вежбање. Иако било тешко да се навикнат на оваа нова исхрана тие не се откажале па така по една година Џастин има 111 килограми, а Лорен 74.

“Знаевме дека во најтешките моменти ќе бидеме заедно. Не би можеле да го постигнеме овој резултат индивидуално. Сега сме активни и му се радуваме на животот.” изјавиле Џастин и Лорен Шелтон.