Во изминатите 12 месеци езерската полиција покажа забележителни резултати во работењето, при кое, е одземена одредена количина рибарски мрежи. Се работи за 993 рибарски мрежи , речиси 2 илјади блинкери и други средства од рибократците, изјави во министерката за внатрешни работи на Република Македонија, Гордана Јанкуловска која денеска беше во посета на езерската полиција.
Според неа, обележувањето на државната граница е примарна работа на министерството за надворешни работи, но како што рече, луѓето кои долги години работат на оваа проблематика, одлично го познаваат езерото и точно знаат каде поминува границата , што според неа, покажува добри резултати во нејзиното обезбедување.
Таа кажа дека зимата не е најдобар временски период за обележување на водената граница, при што изрази очекување дека со подобрувањето на временските услови одбележувањето ќе започне и ќе заврши успешно
Ohridnews