Во првиот месец од отворањето, Ohridnews оствари 45.265 посети. Заклучно со денес објавени се 210 вести кои биле прочитани 21.479 пати, како и над 100 други содржини, кои секојдневно се ажурираат.
Нашиот интернет портал покрај охриѓани и читателите од земјава, го посетиле и голем број читатели од САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, од земјите од ЕУ и соседството, а посети се забележани и од далечните Боливија и Кина.
Во првиот месец од постоењето, направени се пет јавни испитувања на мислења на посетителите на актуелни теми од охридското секојдневие. На анкетните прашања одговориле 896 посетители. На крајот од 2006 година, локалните новинари за Ohridnews направија пресек на битните настани кои ја одбележаа изминатата година.
На нашата контакт адреса до сега се пристигнати над 200 писма од читатели, а нивната подршка, но и добронамерните критики и укажувања на недостатоците и грешките, потврдуваат дека отворањето на првиот локален електронски весник во Охрид доаѓа во вистинско време, и дека Ohridnews ја збогати медиумската понуда на еден сосема поинаков неконвенционален начин, храбро одгораварајќи на современите потрби и светски трендови.
Ohridnews и натаму останува отворен за Вашите писма и коментари, а во оваа прилика пренесуваме дел од писмата кои пристигнаа на нашата адреса:
-Ја поздравувам вашата идеја за отваорање на електронски весник. Би сакал само да напоменам дека Охрид е еден од најубавите туристички центри во Европа, и мислам дека би било добро да се изработи линк за информации, со кој туристите би можеле полесно да ги најдат бараните локации во Охрид …
Стевче Секулоски
-Фала што постоите.Уште слики од ОХ убавините би сакала, па да си dowload-увам :):) Сакам да знам за 365-те цркви, за чашитвењето, а не е лошо и понекоја стара охридска песна да може да се слуша, снима….. Поздрав од скопските сивила.
Лидија Галева
-Ви честитам на Електронското издание, ценам дека тоа е полн погодок и футуристичка работа која, кога-тогаш, ке влезе на голема врата во Македонија.
Мијалче Дургутов, портпарол на Државниот завод за ревизија
-Јас како човек роден и израснат во Охрид можам само да се гордеам со фактот дека мојот град е првиот во Македонија кој реализира еден ваков проект. Се надевам дека ова е само дел од механизмите за помагање и афирмиранје на нашиот град во секој сегмент примарно во туризмот, мегутоа и еден од инструментите за соочување со проблемите на граганите…….
Николче Тасески
-Почитувани колеги, Ви честитам на храброста да го покренете електронскиот весник во мојот втор град, Охрид. Ви посакувам успех и нудам секаква колегијална помош…. Срдечни поздрави до Охрид и посебно до колегите рибари.
Бранко Героски Главен и одговорен уредник на Шпиц
-БРАВО,БРАВО,БРАВО!!!!!!!!!! На сите вес ви посакувам мнооооогу успех.Од вечерва го имате најверниот читател на планетава….
Искра Опетческа
-Честитки од мене и од тимот на ЗЛАТНА КНИГА!
Билјана Андонова
-Браво. Навистина добар сајт фалеше за Охрид. Само морат јазична подршка да имат. (англиски) Ради турузам.
Марјан Трајкоски
-Ви посакувам успех во понатамошната работа. Се надевам дека весникот ке опстојува уште многу години.
Александар Ковачески
-Почитувани, честитки за новиот портал. Голема храброст за ваква средина јавноста да се информира преку net. Ви посакувам успех и се надевам дека охриѓани редовно ке ве посетуваат Срдечен поздрав.
Владимир Трајановски
-Добрата вест далеку се слуша. Многу пријатно сум изненаден од убавата вест за (електеонскиот весник), бидејки многу ни е потребен за да бидеме поблиску до нашиот роден крај. Иако физички сме далеку од нашиот Охрид кој насекаде и широко го прикажуваме со нашите убавини, сега овој весник ќе ни биде мост до сите потребни вести и актуелни новости. Сега сме чекор поблиску до нашиот роден крај.
Саше Баловски Минхен Р.Германија
-Почитувани сограѓани Ви испракам честитки за оваа web-страна. Стварно ми се свиѓа oвој линк, му треба на градот па и пошироко ваков информативен web-сите
Атанас Николоски
-Одлично момци само напред….Ова за Охрид е голем плус….алал да ви е.
Наум Димитровски
-Пријатно бев изненаден кога ја отворив web страната на вашиот ел. весник, а исто така воодушевен од квалитетот на содржините во истиот. Ви посакувам долго и успешно да опстојувате во ова наше бурно и со многу турболенции општество…
Тане Методи Трајкоски – Танчо, Торонто.
-Поздрав до сите. Web страницата ви е одлична. Добро сте се сетиле. Само напред!!!
Тони Трпески, Камбера, Австралија
-Прво да ви честитам за храброста сто покренавте еден електр.весник за нашиот град,а со тоа мислам дека се пополна една празнина во Охрид како туристички центар на Македонија и сега сите оние сто живеат надвор од Охрид побрзо ке се информираат за се сто се случува или ке се случува тука…..
Гоце Буловски
-Почитувани. Навистина сум импресиониран од вашата почетна ангажираност и посветенот на уредувачкиот аспект на овој електронски весник, ажурирање на информациите за градот и актуелностите кои се случуваат во истиот, особено им помагате на лицата кои се надвор од Охрид. Јас сум ангажиран со работа во Скопје, но постојано ме врзува мислата за овој свет град и моето постојано место на живеејне е токму во Охрид!!……….
Дејан Серафимоски
-Поздрав од Америка и би сугерирал до редакцијата ако може да има поголема застапеност на слики, на пример ноќен живот,спортски,музички настани,со еден збор шо било само да е од Охрид.
Крсте
-Поздрав од Марибор и пофалби за уредуванњто и објавувањето на новата web страница за Охрид, која вака на прв поглед се разликува од останатите пред се поради тоа што се работи за страница која има намера, да ги објавува секојдневните збиднуванја во градот од повеќе аспекти. Се надевам дека ке потрае долго време и ćе биде редовно ажурирана што е рак рана на повеќето web страни кои во почетокот обеќаваат но потоа со тек на време губат на интересот баш поради нивната неажурираност.
Марко Велески Марибор, Р. Словенија
-Почитувани, појавуванјето на првиот локален електронски весник секако беше една од поубавите работи кои се случија минатата година, посебно за охриѓаните кои живеат надвор од земјата.Задоволството од можноста да се добијат информации, да се видат познати ликови и места кои беа и се дел од нашето битие, не може да се опише само со неколку зборови, а за кое искрено ви благодарам. На целата екипа на Охриднењс ви ја честитам Новата Година и Божик, со желба за добро здравје и успешна и плодна работа.
Зоран Сврзикапа Auckland, New Zealand