Владата на денешната 222-ра седница одлучи до 29 февруари да го продолжи ограничувањето на цената на оризот, брашното, лебот и другите пекарски производи, бисквитите, наполитанките, тестенините, месото и производите од месо, млекото, јајцата, сирењето, кашкавалот и другите млечни проиводи, како и на минералната негазирана и газирана вода и негазираните и газирани пијалаци и светлото пиво.
Како што информираат од владината прес-служба, Владата денеска донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед.
-Со донесените измени на постоечката Одлука, на предлог на Министерството за економија, се продолжува ограничувањето на цените до 29 февруари 2024 година, наместо до 31 јануари 2024 година, за определени видови основни прехранбени производи и тоа: ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи, велат од Владата.
Владата, додаваат, донесе и Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало.
-Со измените на постоечката одлука, исто така на предлог на Министерството за економија, се продолжува до 29 февруари, од претходно утврденото ограничување на цените до 31 јануари, за: минерална негазирана и газирана вода и негазирани и газирани пијалаци (сокови), во определени пакувања и светло пиво, прецизираат од Владата.
OhridNews