Пчеларот Ванг Далин од Кина се натправарувал со фармерот Луо Конгјианг во тоа кој подолго ќе издржи со што повеќе пчели на телото. Натправарувачите стоеле на постолје, а на себе имале само гаќи. Со помош на пчела матица привлекувале пчели на своите тела.
Ванг Далин победил во натпреварувањето откако во рок од 60 минути успеал да привлече 26,86 килограми пчели на своето тело. Конгјианг успеал да привлече 22,9 килограми, соопштиле медиумите. На натпреварувањето се насобрале голем број луѓе, но не се осудиле сите да им пријдат на натпреварувачите без заштитна облека.