Џејмс Филд го срушил светскиот рекорд по бројот изведени банџи скокови во еден час, скокајќи дури 42 пати од 50 метри високата платформа во Лондон недалеку од Тауер Бриџ. Британецот така го надминал досегашниот рекорд од 19 скока и се запишал во Гинисовата книга на рекорди. Заради негова безбедност после секој скок му било менувано јажето како и опремата која била проверувана по два пати.


По соборувањето на рекордот Џејмс рекол дека му се врти во главата. Морал да остане концентриран на задачата бидејќи има дополнителни проблеми со ветерот. Додал и дека очекувал овој подвиг да му биде многу полесен и поедноставен.