Еден американец од Ирвин, Калифорнија, за две седмици два пати паднал под воз и успеал да остане жив. Првиот пат композицијата го влечела повеќе од 30 метри, и човекот чие име не е соопштено останал без дланка.
Неполни две седмици подоцна, по излегувањето од болница, тргнал со воз да си оди дома и паднал од вагонот. За несреќа во тој момент поминувал воз на спротивниот колосек кој го удрил. Во таа прилика добил само полесни повреди. Локалната полиција побарала за секој случај да биде прегледан од психијатар.