Бројот на живородените деца во 2021, во споредба со минатата година, е намален за два проценти, Но, многу позагрижувачки е трендот на опаѓање на наталитетот во последните 25 години. Според податоците на Државниот завод за статистика, во во 1995 година во Македонија се родиле 29886 здрави деца, а во 2021 тој број изнесува 18648, што е намалување од 62,3%.

Во Македонија минатата година се родени вкупно 18 790 деца, од кои живородени се 18 648, а мртвородени 142. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51,1 процент, односно на 100 живородени женски деца 104,5 се машки. Според месецот на раѓање, најголем број раѓања има во месец јули, односно 1 735.

Во Охрид минатата година се родиле 416 здрави деца, во Струга 546, во Дебрца 33, а во Вевчани 24.

Г.М.