Во текот на мај и јуни 2023 година полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ при Регионален центар за гранични работи „Запад“, самостојно, но и во соработка со СВР Охрид и инспектор по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделие, во водите на Охридското Езеро и на копно, реализираа околу 100 патролни контроли и мерки по Закон за рибарство и аквакултура, со цел пронаоѓање лица кои вршат незаконит риболов.
Притоа, полициските службеници во водите на езерото пронајдоа и одзедоа 126 рибарски мрежи во должина од 2800 метри, со 219 парчиња уловена риба во вкупна тежина од 45 килограми, како и повеќе видови риболовен алат и опрема. Лишени од слобода се две лица од Република Албанија, кои со пловен објект илегално ја преминале државната граница, како и едно лице кое со харпун ловело риба во езерските води, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Додава дека се поднесени две кривични пријави по основ на илегален премин на државната граница и незаконит риболов во територијалните води на РСМ како и прекршочни пријави по Законот за рибарство и аквакултура, и една пријава по Закон за внатрешна пловидба.
OhridNews