Еден невработен Австралијанец на кој му била понудена доживотна бесплатна пица ако ја запали пицеријата на конкурентот судот во Мелбурн го осудил на три години затвор. Франк Фочини(35) провалил во пицеријата Папа Џонс, ја полил со бензин и ја запалил, со што го приморал сопственикот да ја затвори.
Судијата бил многу изненаден затоа што против човекот кој го платила конкуренцијата не била поведена никаква постапка. Сопственикот на запалената пицерија изјавил дека се надева оти неговата пицерија еден ден повторно ќе ги отвори вратите.