Утрото е најубавиот дел од денот. Природата се буди со утрото и го почнува животот, затоа утрото треба да се почне со нешто убаво, миризливо, нешто што ќе ве разбуди и ќе ве наполни со енергија толку потребна за целиот ден. Нашиот предлог е чај, убава топла шолја ароматичен чај и тоа зелен „China Gunpowder“ –од палетата на рефусните чаеви „ЛА ЧА“. Зошто токму овој чај? Еве неколку причини.

Зелениот чај „China Gunpowder“ претставува чист зелен чај и е еден од најпопуларните чаеви во Кина. Името „Gunpowder“ или „барут“ го добил по тоа што ливчињата кои се во форма на топчиња свиткани со рачна постапка потсетуваат на барут. Кога ќе се попари чајот со водата тие едноставно пукаат се отвораат и Ве пленуваат со својата претстава во зелено. Во текот на отворањето ливчињата ја пуштаат својата нутритива. Овој чај е со оригинален вкус кој дозволува да се ставаат додатоци како што се цимет, ѓумбир итн.

Како и кон секоја друга работа во животот што не треба да ѝ се пристапи едноставно, провизорно, површински, така и шолјата чај не е само обична шолја со миризлива течност. Таа е ризница на корисните состојки што ги има чајот, а кои се докажани и во медицината и во алтернативната медицина и кои го подобруваат и го одржуваат вашето здравје, но таа е ризница и на нешто што преку пиењето на чајот, миговите кои ги посветувате на тој чин ве прават психички и ментално подобра личност.
Богатството од полифеноли, минерали, чајот го прави добар во:
-регулирање на маснотиите, ЛДЛ-холестеролот
-го заштитува срцето
-ги елиминира вишокот на течности во организмот
-ја регулира хипертензијата
-го регулира нивото на шеќерот во крвта
-добар борец против габичните инфекции итн.
-го поддржува имунитетот на оптимално ниво
-заштитува од деменција
-ја поттикнува умствената активност
-ја регулира телесната тежина.
-ја прочистува кожата и тенот го прави блескав итн.

Се чува исклучиво само во стаклен сад кој е добро затворен на темно и суво место. 

Начин на приготвување:

Се подготвува исклучително со попарување на ливчињата а не обратно (на тој начин се уништуваат сите корисни состојки). Се загрева вода до точка на вриење и потоа се остава да се излади до 80°C. Во стаклен сад се ставаат онолку лажички чај колку шолји чај сакате да се направи, потоа се попарува со водата и се затвора со капак. Се остава да отстои 2-3 мин., се процедува и се пие полека, голтка по голтка.

Не треба да се остава да отстои повеќе затоа што концентрацијата на танини ќе биде поголема, вкусот на тој начин ќе биде погорчлив, а чајот ќе биде посилен и поконцентриран што не е ни добро ни посакувано.

Истите ливчиња можат да се попарат по втор пат со тоа што само се продолжува времето на киснење од 2мин. на 2,5мин.,а вредноста на чајот е иста како и во првата шоља. По правило се пие незасладен со лимон како што погоре е наведено но може и со 1/4кафено лажиче ѓумбир во прав, или со цимет што зависи од вашиот вкус.

Со зелениот чај можете здраво да го почнете денот, да го пиете половина час после оброк што особено добро ги регулира маснотиите внесени со оброкот, најдоцна до 17ч. бидејќи благо стимулативната нота која ја поседува заради присуството на теинот може да повлијае на Вашиот сон, но во секој случај е многу добар почеток на денот – Ве буди и врши одлична детоксикација на вашиот организам.

Се пие 2-3 шолји чај во денот.

Со зелениот чај можете многу да си го подобрите здравјето и многу години да го одржувате во добра кондиција ако ги почитувате правилата, што всушност важи и за сѐ во животот.

Зелениот чај „China Gunpowder“ од зелените полиња на Кина, може да го најдете ексклузивно во специјализираната продавница за здрава храна, чаеви и додатоци и природна козметика „Лотос Вита Чи“ лоцирана на ул. „Дејан Војвода“ бр.3, позади „Охридска банка“.

OhridNews во соработка со „Лотос Вита Чи“