А репрезентацијата на Македонија влезе во црна серија од три порази без постигнат погодокот по брилијатната победа над Црна Гора 4-1 во ноември минатата година.


Играчите, а најмногу селекторот ја фалеа добрата атмосфера во селекцијата, која се покажа дека не е доволна за резултати кои ќе ја вратат Македонија под 100-ката на ФИФА рејтинг листата.


На македонската селекција и е потребен квалитет со кој моментално неможеме да се пофалиме, но затоа за поздрав е добрата атмосфера што исто така е неопходна за комплетирање на победничкиот мозаик.


Голема надеж во сите нас ни влева репрезентацијата до 21 година која има историска можност во квалификациите за Европско првенство во Полска следната година.


Можеби, со квалитетот на надежите и позитивната атмосфера од сениорите, А селекцијата ќе зачекори на правиот пат.

Михаил Постоловски