Полицијата, која била повикана поради кражба во една продавница во Ингам, Австралија, на местото на злосторството наместо крадец пронашла џиновски питон долг 5,7 метри и тежок 17 килограми. На претставниците на полицијата на помош им дошол и експерт за ловење влекачи. Според зборовите на сопственичката на продавницата, питонот не бил агресивен, но предизвикал голема штета.
Таа рекла дека продавницата пила полна со искршено стакло, расфрлани садови, облека и имало многу измет. Еден од полицајците навел дека само главата на питонот била со големина на куче. Змијата, која паднала низ дупка на покривот на продавницата, подоцна била вратена на слобода во блиското мочуриште.