Во првите девет месеци од годинава, во областа на класичниот криминал на подрачјето на СВР Охрид  се регистрирани  1.115 кривични дела од кои  околу 60% се расветлени.

Вкупно на територијата на државата во наведениот период биле регистрирани 17.813 кривични дела, што преставува намалување за 5,5%  во однос на истиот период од 2008 година. По преземени мерки расчистени се и целосно документирани 9.262 дела и е постигната вкупна ефикасност од 52,%. Покрај овие расветлени се и 106 кривични дела извршени минатите години. Повеќе од половина или 51% од класичниот криминал е регистриран во главниот град.

Во периодот од јануари до септември 2009 година во Охрид се  извршени три убиства, а регистрирани се исто толку разбојништвата, две изнуди и едно грабнување.

Ohridnews