Германецот Томас Долд шести пат по ред е победник на годинешната трка по скалилата на „Empire State Building“ во Њујорк. Ова момче стигнало на врвот на 381 метри високата зграда за 10 минути и 10 секунди, со што за шест секунди го поправил своето минатогодишно остварување.
Во женска конкуренција, победила австралијанката Алис Мекнамара, која на врвот стигнала за 13 минути. Во оваа традиционална трка, при која треба да се претрчаат 1576 скалила, или 86 катови, оваа година учествувале повеќе од 400 натпреварувачи.