Еден мексиканец од Mатаморос најверојатно е светски рекордер по бројот на апсења, бидејќи во последниве десет години зад решетки завршил дури 600 пати. Овој 56-годишен човек не направил ниту едно сериозно кривично дело, туку бил апсен исклучително за пијанства и нарушувања на јавниот ред и мир. Од 2000-та година, кога останал без работа, човекот живеел од продажба на слатки на улица, а во локалниот затвор бил барем еднаш неделно.


Еден од полицајците рекол дека најчесто го наоѓале мртов пијан на улица и го носеле во затвор за некој да не го прегази, а се случувало и самиот да моли да го уапсат. И покрај тоа, бил удрен од автомобил 16 пати, за среќа без посериозни последици, а девет пати крадци му ја однеле целата роба. Секогаш кога ќе го уапселе поради пијанство имал можност да ја плати казната и да излезе, но тој секогаш одлучувал да остане во затворот три дена.