Отстранувањето на влакната е постојан процес кој на повеќето жени им претставува ноќна мора. Дали на тоа има крај? Меѓутоа, доколку се придржувате кон некои правила, депилацијата и нејзините евентуални последици можат да станат многу помал проблем.
Редовно правете пилинг бидејќи на тој начин ќе ја олесните депилацијата. Покрај тоа што отстранувањето на мртвите клетки спречува враснување на влакната, доколку користите брич, тој може полесно да лизга по вашата кожа. Доколку се депилирате со восок, немојте да дозволите влакната да станат премногу долги бидејќи и депилацијата станува поболна. Депилацијата е најефикасна кога влакната се долги два до три милиметри. Восокот задолжително нанесете го во смер на растот на влакната. Исто така, траката немојте да ја повлекувате спротивно од смерот на растот на влакната.
Доколку сте посебно чувствителни на иритации или осип, депилирајте се пред спиење.Така кожата ќе има доволно време да се смири, што значи црвенилото или осипот да се повлечат во текот на ноќта.
Парфимираните лосиони за тело заменете ги со благи дезинфекциони средства. Непосредно по депилирањето на пазувите немојте да нанесувате дезодоранс. Не се туширајте со премногу жешка вода, бидејќи таа може да ја зголеми иритацијата. Исто така, 24 часа по депилацијата избегнувајте капење во базен.
Најважно е да не се депилирате со било што. Начинот на депилација приспособете го кон својата кожа за да постигнете најдобри резултати.
извор:zenstvena.com