На 14-ти февруари на „Денот на вљубените“ и „Св. Трифун“, Cuba Libre beach & bar. повторно ќе биде место каде ќе се оддржи големиот музички спектакл „Враќање во минатото“. За забавата, и овојпат е задолжен Petar Markoski Quartet.

На евергрин вечерта, чиј медиумски покровител е OhridNews, а поддржан од винаријата „Тиквеш“ и студиото „Арс Нова“, ќе бидат исполнети музички хитови изведени во периодот од 1950 – 1980 година. На репертоарот ќе се најдат безвременските хитови отпеани од Frank Sinatra, Elvis Presley, Dean Martin и други, и секако најголемите македонски евергрини на Славе Димитров, Зафир Хаџиманов, Маја Оџаклиевска, Нина Спирова и многу други.

Петар Маркоски Quartet го сочинуваат Петар Маркоски – вокал, Проф. Емилија Маринова – пиано, Филип Стојковски ( Зизи ) – тапани и Илија Волкан – бас гитара.

Гостите кои ќе присуствуваат на овој исклучителен културен настан треба да испочитуваат „dress code“, односно да се појават во елегантно издание.

OhridNews