Членовите на ЛК Лихнидос на посебен начин го одбележаа 6 Февруари, денот на Григор Прличев.
Во соработка со градската библиотека, која го носи името на најпознатиот охридски преродбеник, осветлена е спомен бистата и двата влеза на библиотеката.
Нашиот клуб има одлична соработка со НУ Библиотека “Григор Прличев” и сигурен сум дека ќе продолжиме со исто темпо. Библиотеката е најзначајниот елемент на урбаното живеење во секој град, а нашата, особено заради локацијата и изгледот на самата зграда, заслужува посебно внимание. – изјави Проф. Д-р Зоран Тунтев, иницијатор на акцијата.
OhridNews