68-годишно лице од охридското село Лескоец, вчера, во 13.30 часот, телефонски пријавило во СВР Охрид дека, со тврд предмет бил физички нападнат од неговиот 29-годишен син.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, откако бил нападнат, таткото, од ловната пушка која легално ја поседувал, кон sидот испукал еден проектил. Ловната пушка е одземена, а синот е приведен.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
OhridNews