Италијанецот Марчело Лакара од Палермо, осуден на домашен притвор поради продажба на пиратски ЦД-а, повеќе сакал да оди в затвор отколку да ги трпи честите кавги со мајката и очувот.
Кога не можел повеќе да издржи, 24-годишниот Сицилијанец излетал на улица и така ги приморал полицајците да го уапсат заради „обид за бегство“, јавила агенцијата Анса.

„Многу ми е драго што ве гледам“ рекло момчето кога ги видел полицајците, кои претходно сам ги повикал по телефон, за да биде сигурен дека ќе го однесат в затвор.

С.К.