– Не само што треба да се испушта максимално водата во Црн Дрим , туку треба да се испушта вода и од акумулација на Глобочица, за да истата може да прими поголемо количество на вода од Дримот. Исто така треба да се напомене дека зголеменото ниво на вода, штети многу и врз работењето на Колекторот. Тој многу се полни и пумпите работат со многу голем интензитет, а цевките кои што се во езерото, не се знае дали ќе може да го издржат притисокот на водата.-рече Александар Петрески, градоначалник на Охрид.
Тој нагласи дека насекаде низ Охрид нивото на подземните води е подигнато, а водата која излегува од земјата, нема каде да се одлева бидејќи и речните корита се веќе полни.
– Кај ова село ситуацијата е најкритична и таму постои опасност од излевање на водата од реката Црн Дрим. На ова место екипи од ЈП Македонија пат превземаат мерки за поставување на заштитни насипи, односно вреќи за песок, со цел да се заштити коловозот.-изјави Рамис Мерко, градоначалник на Струга.
Управата за хидрометеролошки работи соопшти дека нивото на Охридското Езеро денес достигна 693,87 метри , односно за 12 сантиметри над максимално дозволената кота 693,75.