Дејвид Хардинг(32) од Девон, Велика Британија не сакал да избира помеѓу своите пријатели за да не ги увреди, па одлучил кум на свадбата да му биде неговото куче. Кучето старо 18 месеци на свадбата носело кравата и шешир.


Кучето е важен дел од нивното семејство, па сакале и него да го вклучат во свадбата. Пред церемонијата разговарале со свештеникот да се осигураат дали е во ред куче да влезе во црквата. Свештеникот се согласил па дури и му дал да пие вода за време на церемонијата. Кучето ја оправдало довербата со тоа што цело време било примерно.