Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од Скопје и против правно лице Друштво за туризам, промет и услуги од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување или уништување деловни книги”.

Пријавената, во својство на сопственик и управител на правното лице, во деловна исправа-фактура од 17 јуни оваа година, внела невистинити податоци, односно фалсификувала фактура со цел да прикаже дека е изготвена од хотел во Охрид, за престој на гости во хотелот, а врз основа на претходен склучен договор на фирмата со МАНУ за реализирани услуги при хотелско смесување. Пријавената, со цел да се стекне со противправна имотна корист, во фактура од правното лице внесла фалсификуван износ од 70,866 денари, по што ја употребиле како да е вистинита иако оригиналната фактура од  хотелот била во  износ од 41. 654,оо денари.

OhridNews