После кавгата една анонимна американка од Пасадена на своето поранешно момче му ги украла седумте златни рипки, истите ги зготвила и ги изела. Тие ја прекинале врската поради кавга околу заедничкиот имот. Момчето и го зел накитот кој претходно и го купил и не сакал да и го врати.
Полицијата интервенирала откако добила пријава за кражба. Кога пристигнале полицајците нашле три рипки приготвени за јадење. Девојката признала дека останатите четири ги изела. Полицајците не биле во можност да го решат случајот бидејќи парот ги купил рибите додека сеуште бил во заедничка врска.