Ако некој за вас во Индонезија почне да вика дека сте „Балут“, тоа може да значи дека изгледате како да сте гладни или дека имате проблем со потенцијата. „Балут“ претставува еден од многуте видови афродизијаци во Индонезија. Се спрема од паткини или кокошкини јајца врз кои птицата мора да лежи 14 дена. Потоа јајцата се отвораат, течноста се пие, а ембрионот се посолува и јаде.
Освен овие деликатеси како афродизијак во Индонезија се нуди и крв од кобра, која некаде се меша и со алкохол. За подобра потенција понекогаш се користи и пенис од тигар, месо од волк, печени мрави, јадења од морска краставица како и супа од гнездо на ластовица. Но, треба да се биде внимателен бидејќи некои од овие специјалитети се отровни.