Американската полиција обвинила 34-годишен маж за кражба бидејќи украл осум касички со пари од куќа во Минесота во кои вкупно имало околу 2500 долари во кованици. По кражбата отишол во банка каде повеќе од половина час стоел покрај апаратот кој брои ситни пари.


Мажот, кој веќе е пуштен на условно поради кражба, со девојката отишол во Бурлингтон и купил капут, чизми и кошула. Соседот кој го видел како изнесува две големи пластични кеси од куќата ја запаметил регистрацијата и го пријавил. Се сомневаат дека порано живеел со жртвата.