Хилари Клинтон за време на својата кампања на претседателските избори, направила долг од 20 милиони долари. Поради тоа ќе организира низа од акции за да може да го врати тој долг.

Во жестоката предизборна борба за демократски кандидат на претседателските избори во Америка, подобар од неа беше сенаторот од Илионоис, Барак Обама.


Помеѓу останатото, Хилари распишала некој вид на лотарија во која секој кој ќе вложи најмалку 5 долари, ќе има шанса да добие вечера со неа. Оваа идеа Хилари ја напишала во e-mail кој го пратила на многу медиуми.

– Придружите ми се на вечера, уште денес вложете 5 долари. Сакате да вечерате со мене? – стои во пораката која ја напишала поранешната прва дама на Америка. Истакнала дека на вечерата ќе може да се разговара на било која тема.

Се поставува прашање колку вечери ќе мора да изеде Хилари за да го врати долгот од 20 милиони долари.