Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ секојдневно го чистат крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до хотел Палас во периодов кога езерската алга е во процес на скапување и се натрупува покрај градскиот кеј.

-Активностите за расчистување започнуваат од раните утрински часови од 5 часот, а покрај рачното расчистување од утре ќе биде ангажирано и специјално возило за чистење на септички јами со кое окрекот директно се  вшмукува од езерските води. Од наредните денови активностите со специјалното возило ќе се извршуваат уште од 3 часот  наутро како не би им попречувале на прошетките на туристите, велат од препријатието.

Оттаму информираат дека екипите на „Паркови и зеленило“ деновиве го расчистиле патниот правец од населба Видобишта до село Рамне. За таа цел биле ангажирани беа 4 работници кои извршиле косење на тревата околу коловозот, ја отстраниле жбунестата вегетација и надвиснатите гранки.  

OhridNews