Еден жител на Естонија ќе добие награда од 100 илјади евра затоа што на властите им предал повеќе од илјада стари сребрени монети кои ги пронашол во едно поле недалеку од главниот град Талин. Според естонскиот закон, оној кој ќе најде богатство и ќе го предадена државата, има право на половина од вредноста на тоа богатство.


Експертите за културно наследство вредноста на најдената збирка ја процениле на околу 198 илјади евра. Повеќето од монетите стари еден милениум потекнуваат од Германија. Останатите потекнувале од Англија, Шведска, Данска и Унгарија.