На празникот Божиќ, 7 јануари, вторник, јавниот градски паркинг со кој стопанисува Ј.П. “Билјанини Извори”, ќе биде бесплатен за сите корисници.
-Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Божиќ и на таков начин ЈП “Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на Христовото раѓање. ЈП Билјанини Извори им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет. – се вели во соопштението.
OhridNews